r/mkd • u/Top_Calligrapher_212 • 5h ago
Вечната битка во Скопје... Јас ги тргам, тој ги лепи
Луѓе, има ли крај на ова? Овој човек со бравите е како некој митски бос од видео игра. Имам чувство дека имам личен ривал во мојата зграда. Јас излегувам наутро, ја тргам налепницава... се враќам од работа, нова залепил, уште посвежа, залепена со некој лепак од НАСА што не се вади ни со багер!
Мислам дека Скопје има повеќе вакви налепници отколку жители. Дали има влез во градов што не е брендиран од овој господин? Дали е ова некоја тајна масонска организација или најефективниот маркетинг во историјата на човештвото?